-->
-->
Загинаа две жени во тешка сообраќајка кај Зајас
-->
Две жени загинаа во тешка сообраќајна несреќа која рано утрово се случила кај селото Зајас на магистралниот пат Гостивар-Кичево.
Како што соопшти полицијата, несреќата се случила околу 09:15 часот помеѓу товарно возило „мерцедес“ управувано од 58-годишник со иницијали М.И. и „голф“ управуван од 78-годишник од Тетово.
-На местото на несреќата, на повредите им подлегнала Т.В.(54) од Тетово додека во амбулантно возило, на пат кон Ургентниот центар во Скопје, починала С.Ц.(75) од Тетово, двете сопатнички во второто возило. По наредба на јавен обвинител, врз телата на починатите ќе се изврши обдукција, велат од полицијата.
Увид на местото на незгодата извршија јавен обвинител и полициски екипи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Голем интерес од банките за кредитите преку Развојната банка
-
Прва средба на Муцунски - Георгиев утре во Минхен
-
Правда ја почна постапката за разрешување на Коцевски
-
Нова истрага за криминал во РЕК Битола
-
Љупчо Палевски преку Минск планирал да избега во Русија
-
Пандов - Затворски полицајци со валкани значки ќе бидат зад решетки
-
Следната недела ќе се носат мерки за намалување на цените
-
Традиционално закројување на лозје во винаријата Монтеко – Кратово