Загинаа тригодишно дете, мајка и мотоциклист во Србија
Во сообраќајна несреќа во селото Церовац кај Шабац, загина мајката М.С. и нејзиниот син В.С. (3), како и возачот на мотоцикл Н.З. До несреќата дошло кога мотоциклистот удрил во задниот дел од автомобил марка „фиат“ во кој се наоѓале мајката и синот.
Во колоната на патот биле автомобил, камион и мотор, кои се движеле од правец на Шабац кон Ваљево. Автомобилот забавил за да се исклучи од главниот пат и во тој момент моторот го престигнал камионот и не го видел автомобилот „фиат“, а потоа удрил во левиот дел од автомобилот, кој излетал од патот во канал поради силината на ударот.
Од силината на ударот автомобилот во кој се наоѓале М.С. и нејзиниот тригодишен син бил преполовен, а делови биле разлетани по патот. Возачот на мотоциклот Н.З кој загина има 44 години. Моторот е целосно уништен.
На местото на трагедијата пристигнале службеници лица за да ги отстранат уништените автомобил и мотоцикл.
Ново на Сител
-

Дали има поврзаност на убиствата во кумановско?
-

Кој е за, а кој против членство во ЕУ без право на глас?
-

СДСМ: Контроверзен конзул во Србија
-

Денеска се чествува Св. Ѓорѓи Кратовски, симбол на пожртвуваноста за христијанството
-

Два големи јубилеја во Прилеп - 100 години „Прилепски мечкари“ и 25 години Карневал Прочка
-

Карневалски спектакл во Струмица
-

Марш во чест на Борис Трајковски
-

Со видео надзор ќе се решава проблемот со дивите депонии
