Законите за минимална плата и за субвенционирање на придонесите пред пратениците

Собранието на Република Северна Македонија денеска треба да ја одржи 116. седница, на чиј дневен ред, меѓу другото, се ратификациите на Спогодбата меѓу Владата на Република Северна Македонија и кабинетот на министри на Украина за условите за заемни патувања на државјаните, и на Договорот меѓу страните на Конвенцијата за полициска соработка во Југоисточна Европа за автоматизирана размена на ДНК-податоци, дактилоскопски податоци и податоци за регистрација на возила и Имплементацискиот договор на Договорот меѓу страните на Конвенцијата за полициска соработка во ЈИЕ за автоматизирана размена на ДНК-податоци, дактилоскопски податоци и податоци за регистрација на возила.
Пратениците во рамките на оваа седница треба да ги разгледат и Предлог-законот за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување плата и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата во Република Северна Македонија, двата по скратена постапка, како и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за одбрана и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за правда за децата, двата во прво читање.
Во рамките на оваа седница ќе се разгледуваат и Предлог-законот за изменување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, поднесен од пратеници од опозицијата, предлог за избор на член на Државниот совет за превенција на детско престапништво, предлог на одлука за испраќање припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во мировната операција „Одлучна поддршка“ во Исламската Република Авганистан.
Меѓу другото, во рамките на оваа седница ќе се расправа и по Предлог на закон за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Договорот за заем за дополнително финансирање за Проектот за изградба на автопат – делница Кичево – Охрид, кој ќе се склучи меѓу Експорт-импорт банката на Кина и Јавното претпријатие за државни патишта, по скратена постапка
Ново на Сител
-

Трамп со заканa за Иран: Времето ви истекува, подобро побрзајте или нема да остане ништо
-

Македонската ракометна репрезентција се пласираше на Светското првенство 2027
-

МВР: Нема дојави за бомби во кој било трговски центар во Скопје
-

Вкупно четири пријави за семејно насилство во последното деноноќие, уапсени две лица
-

Калас: Администрацијата на Трамп не сака силна Европска Унија
-

ОЈО бара притвор за осомничениот за убиството на 18-годишното момче од Бојане
-

Запален автобус на автопатот Гевгелија-Скопје
-

Николоски: Невозможни се барањата на „Рајан ер“
