Заменик министерот за внатрешни работи Нухиу во посета на Дебар
Заменик министерот за внатрешни работи Агим Нухиу, со свои соработници попладнево беше во посета на Дебар.
Тој оствари средба со градоначалникот Хекуран Дука, на која присуствуваше и командирот на Полициската станица од општа надлжност во Дебар, Аргетим Војника.
-Целта на посетата беше да се зголеми соработката помеѓу локалната самоуправа и полицијата, зајакнувањето на безбедноста, јавниот ред а во исто време да се отстранат сите пречки или бирократија што можат да се појават за бизнисот во општина Дебар и за граѓаните од двете соседни земји, соопштија од локалната власт.
Посочуваат дека заменик министерот ја нагласил институционалната определба да се гарантира целосно слободно движење на граѓаните меѓу двете соседни земји,Северна Македонија и Албанија, во рамки на законските стандарди.
На делот од македонско-албанската граница, кај Дебар функцонираат два гранични премина „Блато“ и „Џепиште-Требиште“ каде фрекфенцијата на патници и возила е во постојан раст.
Ново на Сител
-
Христијани го празнуваат Велики петок, денот на Христовото распнување
-
Охрид подготвен за туристите за Велигден
-
Преглед на вестите од светот
-
Културните работници ќе останат без плата за Велигден
-
Teма на денот со Јорданчо Ефтимов
-
Почина 24 годишен пациент кој беше на лекување во ВМА – 62 жртва на пожарот во Кочани
-
Почина 24 годишен пациент кој беше на лекување во ВМА – 62 жртва на пожарот во Кочани
-
Бектеши останува во 30 дневен притвор – Папазов оди дома