Заниер бара проодлжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина

Генералниот скеретар на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), Ламберто Заниер синоќа во Приштина се заложи за продолжување на дијалогот меѓу Косово и Србија и за спроведување на досега подтигнатите договори.
По средбата на Заниер со претставници на Српската листа, оваа колаиција на партии на косовските Срби, соопшти дека главна тема на разговорите била „општата политичка и безбедносна состојба на (малцинските) зедници и функционирањето на институциите во заштите на немнозинските заедници“ во Косово.
Како штоо јави Танјуг, на средбата Заниер и неговите соговорници ја нагласиле потребата од продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина, како и одимпементација на досега постигнатите договори на пореворите во Брисел, одржани со посредство на ЕУ.
Заниер се заложил и за продолжување на досегашната добра соработка на претставниците на малцинските заедници во Косово и ОБСЕ, се наведува во соопштението на Српската листа.
Ново на Сител
-

Ново големо невреме од Црна Гора се движи кон Македонија
-

20-тина повредени по силното невреме во Скопје, надлежните ги санираат штетите
-

Герасимовски: Сите служби на Општина Центар максимално мобилизирани по силното невреме, отворени телефонски линии
-

Огромна материјална штета во ГОБ „8 Септември“ од невремето во Скопје
-

Шест повредени во невремето во Скопје примени во Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски”
-

Над 1000 повици од граѓани во ЦУК по невремето во Скопје
-

Невремето го откорна кровот на ООУ Наум Наумовски Борче, активиран Кризниот штаб на Гази Баба
-

Тошковски: Општината е должна да соработува во целиот процес во Гостивар
