Авионот како дом и место за одмор

Честопати авионите можат да бидат повеќе од превозно средство. Така, некои луѓе решиле да си го создадат својот дом од соништата со пренамена на стари авиони. За оние, пак, кои би сакале да минат само неколку ноќи во авион, има и хотели што го нудат тоа.
Откако ја изгубила својата куќа во пожар, Џо Ен Асери добила идеја и желба - да живее во авион. Така, купила „Боинг 727“ што бил вон употреба и наменет за отпад, го испратила на место што веќе го поседувала и минала шест месеци во реновирање - најголемиот дел сама. Сѐ тоа завршило со целосно функционален дом со три спални соби, две бањи, па дури и топла бања со када - каде што порано се наоѓала пилотската кабина.
Вкупно, тоа чинело околу 60.000 долари во денешна противвредност.
Асери, инаку козметичарка од Беноа, Мисисипи, САД, немала професионални врски со авијацијата, туку го следела необичниот предлог на нејзиниот зет - контролор на летање. Таа живеела во авионот од 1995. до 1999 година, кога бил непоправливо оштетен откако паднал од камион при преместување во близина, каде што некогашното летало би било отворено и пристапно за јавноста.
Иако таа не е првата личност која некогаш живеела во авион, нејзината посветеност на својот проект имала инспиративен ефект, па сѐ повеќе луѓе го следеле нејзиниот пример. Брус Кембел, електроинженер со приватна пилотска дозвола, ѝ бил еден од првите следбеници. Тој сѐ уште - повеќе од 20 години живее во својот „Боинг 727“, во шумите на Хилсборо, во Орегон.
Ново на Сител
-

Ајдован Адемоски почесниот конзул на Турција се обрати на новогодишниот коктел на Клубот на почесни конзули
-

Под влијание на влажен бран во следните два дена ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на планините снег
-

Приведена 45-годишна жена, одзела златен накит во вредност од 9.000 евра | ФОТО
-

Грчките земјоделци до петок нема да ги блокираат граничните премини Евзони и Ники
-

Јаневска: Ќе нема предвремен зимски распуст поради загадениот воздух
-

Јордан Митев испиша 20 години македонска музичка историја со песна за својот син
-

Приведен малолетник од Скопје, управувајќи возило ја загрозил безбедноста во сообраќајот
-

Салах донесе победа за Египет на АФКОН
