-->
-->
Запалено луксузно ауди во Тетово
-->
Ноќеска околу 02.40 часот во Тетово, на ул. „Мирче Ацев“ две непознати маскирани лица, најверојатно со запалива течност, најпрвин испрскале патничко моторно возило „Ауди А5“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на Е.Л. (41) од Тетово, по што ја запалиле течноста и дошло до опожарување на возилото.
Сторителите после тоа го напуштиле местото на настанот и побегнале во непознат правец. Од екипа на Територијалната противпожарна единицаТетово пожарот бил изгаснат.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на настанот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Зеленски на средба со европските и лидерите на НАТО во Лондон
-
Пронајдена граната од Прва светска војна во дворот на Педагошкиот факултет во Битола
-
Тешко повреден 70-годишен скопјанец откако бил удрен од автобус на ЈСП
-
Тетовчанец со возило удрил малолетник и побегнал
-
Трамп би можел да ја укине целата помош за Украина
-
Претреси во Велес и Кавадарци, пронајдена дрога
-
Мартинка на рака со верба за среќа
-
Опожарени викендица и овоштарник во Идризово