Македонија
15. April 2016 - 13:17

Запленети 22 килограма марихуана на „Табановце“

Дваесет и два килограма марихиуана запленија синоќа околу 23 часот царински службеници на граничниот премин Табановце при контрола на патничко возило со бугарски регистaрски ознаки, управувано од бугарски државјанин, соопшти денеска Царинската управа на Македонија. 

При детална контрола на возилото со помош на царинско куче, во долниот дел од возилото кај резервната гума, под предните калници, во вратата од багажникот и под пластиките од задните седишта пронајдени се 40 пакувања завиткани со леплива лента и алуминиумска фолија. Пакувањата биле исполнети со зелена тревкаста материја. По извршено мерење и тестирање со тестер за дрога, констатирано  е  дека се работи за 21,7 килограми марихуана.

Откриената дрога и лицето се предадени на Министерството на внатрешни работи за натамошна постапка.