-->
-->
Запленети 6,5 килограми марихуана во куќа на жител од Стојаково, гевгелиско
-->
При претрес во куќата и помошните простории на М.К.(48) од село Стојаково, извршен вчера во периодот од 15.00 до 16.30 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гевгелија пронашле и одзеле 6,5 килограми марихуана.
Како што соопшти МВР, при претресот биле пронајдени 13 најлонски паковки со марихуана со вкупна тежина од околу 6,5 килограми и повеќе мобилни телефони, што биле одземени и дадени на вештачење.
По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори