Запленети 7.800 евра - македонски државјанин сакал нелегално да ги изнесе од државата
Инспектори од Служба за мобилни скенери спречија нелегален изнес на девизи на граничен премин Блаце во износ од 7.800 евра, откако при контрола на патник открија поголема сума непријавени девизи. Лицето е македонски државјанин кој патувал со автомобил со чешки регистарски таблички. Истиот на прашање на царинските инспектори дали има нешто да пријави одговорил дека нема ништо, при што е извршена контрола на возилото каде во неговата ташна се пронајдени вкупно 9.800 евра. Согласно Законот за девизно работење на патникот му се вратени 2000 евра, што македонски државјани можат да ги изнесат од државата без да ги пријават, а останатите се задржани.
Против лицето е поднесена пријава за девизен прекршок.
Ги известуваме граѓаните дека при излез од државата можат да носат ефективни странски пари во износ од 2 илјади евра по лице. Доколку изнесуваат девизи во износ од над 2 илјади евра, должни се да ги пријават на царинскиот орган со презентирање на потврда од банка или менувачница. Девизи во вредност од над 10 илјади евра не е дозволено да се изнесуваат.
Царинска управа
Ново на Сител
-
Во Општина Велес годинава инспекторите за храна не поднеле ниту една прекршочна или кривична пријава против операторите со храна
-
Кривична за 78-годишник за мачење животни
-
Почина затвореник од Идризово
-
Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста
-
„Визер“: Укинати летови од Скопје кон Келн, Стокхолм и Копенхаген
-
Пукање во Чаир, оштетени возила и куќa
-
Македонското фудбалско дерби Пелистер - Вардар прв пат под рефлектори во Битола
-
Тен Хаг доби отказ во Манчестер јунајтед