Запленети хашиш и марихуана во прилепско, приведени тројца дилери
Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, ОВР Прилеп и Одделот за специјални полициски операции во координација со ОЈО Прилеп вчера (04.09.2020) околу 20 часот запленија околу 15 килограми хашиш и околу 33 килограми марихуана, или вкупно околу 48 килограми дрога, а од слобода се лишени три лица, соопшти на денешната прес конференција портпаролот на МВР Тони Ангеловски.
„На патниот правец од Прилеп кон с. Дебреште, на место во близина на градските гробишта лишен од слобода е В.И. (55) од с. Дебрешта, кај кого се пронајдени четири вреќи со околу 48 килограми дрога (хашиш и марихуана) кои ги подготвувал за транспорт. По преземени дополнителни мерки и активности, околу 20.30 часот во Прилеп е лишен од слобода Н.Д. (46) од с. Дебрешта, за кој е утврдено дека бил организатор на транспортот. Потоа од слобода е лишен и Е.И. од с. Дебрешта“, соопшти Ангеловски.
По наредба од Основен суд Прилеп, извршени се претреси на три локации во с. Дебрешта и одземени се две патнички возила, мерцедес и голф, во врска со овој случај. Приведените денеска ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка во Основен суд Прилеп.
„Министерството за внатрешни работи продолжува со интензивни мерки и активности за сузбивање на нелегалната трговија со дрога, како и друг вид на криминал“, рече Ангеловски.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-
МВ: ВМРО-ДПМНЕ 51,7% - СДСМ 10,9%
-
СДСМ вели дека Владата е раскарана, ВМРО-ДПМНЕ одговори дека е стабилна и функционална
-
Андоновски за првата антикорупционерка: Треба да си даде оставка
-
Обвинителството обезбедува докази од вчерашната престрелка на Бит пазар – власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања
-
Манасиевски: Од левичари и глумење скромност до деловни објекти во центарот на Скопје
-
Правда мора да има - протест за загинатите во дискотеката „Пулс“ во Кочани
-
Помалку шетање по шалтерите во основните судови – и онлајн може да си извадите документ дека сте неосудуван