Започна поставувањето на безбедносни врати на железничките станици на југот од Франција
Распоредувањето на фиксни и мобилни врати за безбедност започна на железничките станици на регионот Прованс-Алпи-Азурен Брег (ПАКА) соопшти регионот. Се очекува да бидат опремени вкупно четириесет станици во овој регион, јавува дописникот на МИА од Париз.
- Започнува првиот бран на распоредување започнува и ќе трае се до септември, со опремувањето на станиците во Арл, Екс-ан-Прованс центар, Лес Арл Драгињон и Кањ сур Мер, појаснува регионот ПАКА.
Исто така, регионалните власти ќе распоредат и Мобилни тимови за да се направат проверки по случаен избор во 39 други станици. Ова се безбедносни врати слични како на аеродормите, кои можат да бидат поставени за неколку минути при влегување или излегување од возовите.
Кон крајот на октомври 2017 година, предвидува Регионот ПАКА, една третина од 147 станици кои се наоѓаат на неговата територија ќе бидат покриени од страна на овие безбедносни уреди, кои имаат за цел да се намали несигурноста поврзана со напади и кражби, но исто така и терористичките закани.
Овие мерки беа објавени од страна на Кристијан Естрози во ноември 2016 година . а беа критикувани од страна на Националниот фронт, кој ги нарече „нереални ветувања, и пред сè, неефикасни и скапи уреди“.
Регионот го презеде целиот трошок за нивната инсталација, односно 556.000 евра во инвестиции и 5,1 милиони евра годишно за работење.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден