Започна првиот „Скопје стрип фест 2016“
Во Музејот на Град Скопје синоќа започна првиот „Скопје стрип фест 2016“, што ќе се одржува до 3 јули.
Во рамки на фестивалот предвидено е да има изложба на неколку одбрани македонски стрип-автори, неколку издавачки куќи ќе ги презентираат своите стрип изданија, ќе се одржуваат работилници за стрип со деца, ќе има стрип берза, презентации на видео и друштвени игри, како и турнир во „Magic The Gathering“, „Yu-Gi-Oh“...
На фестивалот денеска ќе се одржи стрип работилница за деца, што ќе ја одржат Игор Јовчевски и Никола Темков. Работилницата ќе биде од отворен карактер и на неа ќе можат да се приклучат и други деца кои сакаат да цртаат.
Студиото „Линкс“ вечер ќе има презентација, а околу 19:30 својата игра „Каверн Таверн“ ќе ја презентираат авторите Војкан Крстевски, како и гостинот од Битола, The Micho. Истиот ден свои презентации ќе имаат и издавачките куќи „Стрип квадрат“ и „Комик бру“, потоа здружението „Макстрипови“ со нивното издание „Синдром“, а ќе биде претставено и самостојното издание на Матеј Богдановски „Патенталија и Тентелина“. Но, пред презентациите предвидено е да настапат Душко Кралевски, новинар и публицист, и доајенот на македонскиот стрип Димано, со презентација на „Македонскиот стрип пред независноста на Македонија“, при што ќе кажат и пригодна реч за неодамна починатиот доајен на стрипот, карикатурата и анимацијата, Дарко Марковиќ.
Утрешниот ден ќе биде целосно посветена на друштвените игри. Во 18 часот ќе започне турнирот во можеби најпознатата светска игра – „Magic The Gathering“ во организација на „Гоблин“, а додека трае турнирот Милан Тасевски ќе ја претстави својата игра „Small Star Empires“, како и стрип-авторот Никола Темков, кој е илустратор на англиската игра „Conflicting Kingdoms“.
За времетраење на фестивалот, во салата 1 на Музејот на град Скопје од 18 часот ќе биде поставена и стрип берза, на која љубителите ќе можат да ги купат своите омилени стрипови по промотивни цени. На мини штандот ќе бидат поставени изданијата на стрип книжарницата „Бункер“, но и сите изданија на издавачката куќа „Стрип квадрат“, а ќе биде застапен и стрип-магазинот „Синдром“, како и независните македонски стрип-изданија. Исто така, на него ќе може да се најдат и дел од омилените друштвени игри од „Гоблин“.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Злате Мехмедовиќ
-
Тошковски изненаден што нема притвор за екс директорот на ЕСМ
-
Мицкоски: Обвинителството да открие зошто сум бил следен
-
СДСМ бара оставка од членката на антикорупциска Данка Ристовска поради судир на интереси
-
Тошковски: Не е утврдена вина кај полицаецот од Куманово кој го симна албанското знаме
-
Што сработе МВР во 2024
-
На вонредна седница на Влада ќе ги замрзнеме цените ако има нагло поскапување, рече Дурмиши
-
Со пакет од четири закони до департизација на јавниот сектор