Започна состанокот на работната група меѓу Бугарија и Северна Македонија
Во бугарското Министерство за регионален развој започна состанокот на работната група за соработка во областа на инфраструктурата, транспортот и поврзувањето помеѓу Северна Македонија и Бугарија, јави дописникот на МИА од Софија.
Состанокот го отвори бугарскиот вицепремиер и министер за регионален развој Гроздан Караџов. Тој на гостите им порача дека можат да сметаат на целосна соработка за развој на билатералните односи во вистинска насока и со уште поголема брзина.

Министерот за транспорт и врски на Северна Македонија, Благој Бочварски, пак, истакна дека Работната група за поврзување, транспорт и енергија е посветена на иднината и ќе даде шанса за развој не само на двете држави, туку и на Балканот и цела Југоисточна Европа.
-Денеска во Софија и утре во Скопје работната група прави се за да им помогне на граѓаните на двете земји и нивната заедничка иднина, да им овозможи на економиите да бидат посилни и да имаме подобра и модерна инфраструктура и да се реши енергетското поврзување, рече Бочварски.
Очекувам, дополни тој, дека ќе продолжиме и утре во Скопје да изнаоѓаме решенија за сите важни теми во секторот.
Министерот за локална самоупра Горан Милевски претходно изјави дека во Софија разговарал за уште посериозна прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија, особено помеѓу градоначалниците, општините и здруженијата во двете држави и отворањето на регионалниот граничен пункт Клепало, што е многу важно за луѓето од двете страни на граница.
-Мислам дека периодот што следува ќе биде продуктивен и ќе започнат активности за да се реализира отворањето на овој граничен пункт, рече Милевски.
Тој потсети дека во 2019 година беше потпишан меморандум меѓу двете министерства, но оти досега не е направено ништо. Се надевам, потенцираше, дека граѓаните на двете земји ќе ги искористат економските придобивки од она што ќе се постигне.
Ново на Сител
-

Осумдесет и еден вработен во РЕК Битола со стомачни проблеми побарале лекарска помош, можно труење со храна
-

Во Србија приведен македонски камионџија кој усмртил пешак кај Грделица, а потоа избегал од местото на несреќата
-

Судење „Пулс“: Во општинскиот регистар дискотеката не постоела, уплатите за лиценца ги вршеле „Класик ДМ“ и „ММММ“
-

Уапсени седум лица за семејно насилство во последното деноноќие
-

МЕРМС: На 29 март 2026 започнува летното сметање на времето
-

Мицкоски: Во реализација се 17 странски инвестиции што треба да креираат 5.000 работни места
-

Земјотрес од 2,7 Рихтерови степени во Скопје
-

Во мај или јуни ќе се разговара за можни кадровски промени во Владата, најави Мицкоски
