-->
-->
Започнаа подготовките за натпреварот „Млади библиотекари” во Делчево
-->
Библиотекарското здружение на Македонија, традиционално и годинава го организира Републичкиот натпревар „Млади библиотекари“, дваесети пат по ред. За таа цел, како што информираше директорката Билјана Петровска, во Јавната локална библиотека „Илинден“ започнаа подготовките околу организацијата на општинскиот натпревар во Делчево.
- Според правилата за организирање и спроведување на натпреварот, учество можат да земат ученици и членови на локалните и училишните библиотеки на возраст до 14 години. Победниците од општинските натпревари учествуваат на Републичкиот натпревар. Натпреварот во Делчево ќе се одржи најдоцна до 20 октомври 2019 годинава, по претходен договор со основните училишта во М.Каменица и Делчево, истакна Петровска.
За избор на најдобрите на Општинскиот натпревар ,,Млади библиотекари”, како што додаде директорката на делчевската библиотека, ќе се формира тричлена комисија, која се грижи за правилностите по натпреварот.
- Учесниците на натпреварот, т.е.пријавените за натпреварот, треба да одговорат писмено на 20 прашања од Прирачникот за подготовка на кандидати за натпреварот „Млади библиотекари“, за време од 60 минути, додаде Петровска.
Трошоците околу натпреварот ќе бидат на товар на ЈЛБ „Илинден“-Делчево.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЦУК: Интензивен пороен дожд и грмежи во Тетово и Скопје
-
Спасен повреден странски турист во Охрид кој паднал во тешко пристапен терен
-
Главчев: Ќе ги потсетам европските лидери кои се условите за прием на Северна Македонија во ЕУ
-
Приведен бегалец од затвор
-
По вчерашното невреме: Се поплави „8ми Септември“ - Затворени операционите сали
-
Позната е новата цена на струјата
-
Одложено судењето за случајот со спортските ваучери на АМС
-
100 години „СКОПСКО“ – Секој има своја приказна со „СКОПСКО“