Запре приливот на бегалци кон грчкиот остров Лезбос
Приливот на бегалци кон грчкиот остров Лезбос запре и од неделата вечерта на островот во Егејското Море не пристигнал ниту еден мигрант, изјави висок претставник на полицијата, јавија грчките медиуми.
Изминатите денови беше забележано намалување на приливот на бегалци од турското крајбрежје кон Лезбос, но од неделата не пристигнал ниту еден мигрант, нагласи полицискиот претставник.
Се претпоставува дека силниот ветер не е причина за запирање на приливот, со оглед на тоа што во слични услови минатиот месец на островот пристигнуваа до пет илјади лица дневно.
Центарот за регистрирање и идентификација на мигранти и бегалци во Морија, кампот Кара Тепе и пристаништето се празни.
Лезбос изминатите осум месеци прими голем број мигранти, кои пристигнуваа од Турција.
Ново на Сител
-
Фон дер Лајен во Париз: Зајакнувањето на Украина е почетна точка, на Европа и треба долгорочен план
-
Општина Кочани треба да добие в.д. градоначалник за да може да ги извршува основните задачи и функции
-
Уапсен 55 годишник од Куманово, при претрес пронајдени се дрога, остри предмети, пушка и куршуми
-
Симулациска вежба за спречување чума кај малите преживари во Северна Македонија
-
Фатени крадци на дело во неготинско
-
Бројот на повредени во нападот врз Харков се зголеми на 21
-
Приведен насилникот кој тепаше бремена жена во живо на „ТикТок“
-
НБА: Јокиќ се врати по повредата со трипл – дабл