Заради обезбедување докази за бесправна градба полицијата влегла во општините Чаир, Сарај, Аеродром и Кисела Вода

Повеќе оддели во рамки на МВР – организиран криминал, крим полиција, СВР Скопје во текот на вчерашниот ден влегле во повеќе општини во рамки на Град Скопје при што постапуваат по конкретни наредби дадени од јавен обвинител, а повразно со бесправна градба, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Во насока на обезбедување докази за бесправна градба, Тошковски посочи дека е влезено во општините Чаир, Сарај, Аеродром и Кисела Вода.
-Не би можел да споделам во овој момент информации во врска со обезбедна документација, но сакам да напоменам дека ова се тековни активности на МВР. Ова не е сега јавноста има интерес за конкретната тема и МВР постапува, туку ова се тековни активности по коишто постапуваме секојдневно, изјави Тошковски, одговарајќи на новинарски прашања по потпишувањето на меморандум за соработка со Црвениот крст.
Секаде, нагласи Тошковски, мора да се постапи согласно закон и доколку се утврди дека станува збор за дивоградби и престатвува ризик за безбедноста на граѓаните, истата ќе биде предмет на уривање.
Прашан дали МВР постапува по пријавите од градоначалничката Данела Арсовска, Тошковски рече МВР постапува во сите предмети во кои добива наредба од Јавното обвинителство или каде имаат соодветни информации и самите преземаат одредени дејствија.
-Ова не го говорам заради тоа што е поврзано со темата, која се наметнува во јавноста во последнио период, ова го говорам затоа што е тековна активност на МВР во континуитет. За разлика од претходно предметите не се ставаат во фиоки, туку напротив континуирано и активно се работи и се преземаат дејствија. Факт е дека градоначалничката се што има собрано како доказен материјал го доствува до Јавното обвинителство за организиран криминал и така треба. Јавното обвинителство постапува и дава наредби до МВР, а кое постапува согласно конкретни наредби од јавен обвинител и така треба да функционира едно нормално општество. Секој треба да си ја работи својата работа во рамки на делокругот на работење, изјави Тошковски.
МВР си ја работи работата што ја има во своја надлежност, нагласи Тошковски, посочувајќи дека МВР ниту поднесува обвинение, нити дава градежни дозволи или е комнунален инспектор.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: Членството во ЕУ треба да е по заслуга, но во нашиот случај тоа не е така
-

Мицкоски: Менталитетот и карактерот на оваа Влада е да ги води битките и да победи
-

Во Тирана судири помеѓу демонстрантите и полицијата
-

Халанд награден од норвешкото Здружение на библиотеки
-

Мицкоски: Стратешкото партнерство со САД е децениско, тие се нашиот најсилен сојузник
-

Еден од најголемите дата центри во Европа ќе биде изграден во близина на Кожани, во Грција
-

Ристовски на средба со Бузалковски – Два подиуми во Словачка, следува борба за европската вицешампионска титула
-

Книжевен портрет на Атанас Крлевски в петок во Домот на култура „Кочо Рацин“ во Скопје
