-->
-->
Зариф: Иран има други опции доколку Трамп го поништи нуклеарниот договор
-->
Иран не е загрижен и има други опции доколку новиот американски претседател Доналд Трамп го поништи нуклеарниот договор меѓу Техеран и шесте светски сили, изјави иранскиот министер за надворешни работи Џавад Зариф.
Тој истакна дека Иран верува оти „е во интерес на сите тој договор да се почитува“.
- Ако администрацијата на Трамп го напушти договорот, ние ќе го изненадиме, нагласи шефот на иранската дипломатија, не прецизирајќи што значи тоа.
Трамп за време на предизборната кампања повеќе пати го нападна нуклеарниот договор меѓу Иран и шесте големи сили (САД, Кина, Русија, Велика Британија, Франција и Германија), со кој се ограничува иранската нуклеарна програма во замена за укинување на економските санкции.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Две тела пронајдени во запален стан во Нови Сад
-
Царинска управа: Спречено криумчарење на два тона месо штетно за здравјето на граѓаните
-
Воз удрил во автомобил во Драчево
-
Драматично спасување на заробен човек во длабока тиња и кал во реката Пчиња
-
Орбан неочекувано ја посети Кина
-
Детали од вчерашната сообраќајка во Охрид - Загина 23 годишен мотоциклист
-
Водата во Скопје безбедна за пиење
-
Пожар зафати објект во росоманско Крушевица