Засилени безбедносните мерки за првиот човек на албанското Специјално обвинителство, СПАК
Преземени се дополнителни мерки за безбедност за првиот човек на албанското Специјално обвинителство за организиран криминал и корупција, СПАК, Алтин Думани.
Од пред две-три недели првиот човек на СПАК, една од најважните институции на правдата, Алтин Думани, се вози со блиндиран автомобил. Исто така во близина на неговата куќа е зајакната полициска група, која го обезбедува. Областа каде што живее, во населбата „Комитети“ е надгледувана со дронови, јави Ора њуз.
Думани за прв човек на СПАК, со тригодишен мандат беше избран во средината на декември минатата година, кога најави дека обвинителство преминува на поагресивна борба против корупцијата на функционерите на сите нивоа.
-По три години од формирањето СПАК ќе премине во друга фаза а тоа е поагресивна борба против корупцијата на службениците на секое ниво, како и против организираниот криминал, најави тој по изборот.
Оваа најава тој и ја реализира со поведување истрага и поднесување пријави за повеќе судии, обвинители, поранешни градоначалници и други носители на високи функции а дел од нив се веќе во притвор.
Ново на Сител
-
Почина бебе на Детска Клиника - Телото е на обдукција, вонреден надзор во понеделник
-
„Конти“ - Лесна заработка или тешка измама?
-
За состојбата на државниот буџет - Гостинка во вестите Гордана Димитриевска Кочоска, министерка за финансии
-
Бугарското МНР со порака до Скопје: Процесот на интеграција се заснова на заслуги, посредувањето не е дозволено
-
БиХ брои жртви по катастрофалните поплави
-
Можни ли се поплави во Македонија како во Босна и Херцеговина?
-
Партиски препукувања додека струмичани немаат вода за пиење
-
Тема на денот со Владимир Божиновски, политички аналитичар