-->
-->
Засилени контроли на инспекциските служби во Делчево
-->

Инспекциските служби во Делчево започнаа засилени контроли со цел спречување на обидите на несовесни граѓани кои во ек на сезоната на варење ракија, од отпадот од сливи се ослободуваат со негово фрлање во канализациската мрежа.
Како што велат надлежните за прекршителите ќе следуваат казни согласно законските одредби за ваков вид прекршоци.
- Знаеме добро дека Пијанец е регион во кој во овој период изразена е појавата на варење ракија. Во тој процес веќе почнува да се чувствуваат несаканите нус појави, па така сведоци сме на исфрлање на сливовиот отпад во блиската канализациска мрежа која се полни и со тоа се нарушува нејзината основна функција. Како надлежни за оваа состојба апелираме до граѓаните кои во овој период варат ракија, дека не смеат да го фрлаат отпадот (комињето) во канализацијата, бидејќи постои опасност од нејзино затнување, информираат од одделението за инспекциски надзор.
Додаваат дека поради евидентираните случаи за ваква практика кај граѓаните, службите ќе вршат редовни контроли по што за несовесните граѓани ќе бидат изрекувани казни. Казните ќе се применуваат согласно со законските одредби од Законот за јавна чистота на град Делчево.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Израел објави нова карта на териториите под контрола на ИДФ во јужен Либан
-

Двајца поранешни претседатели на ФФМ осомничени за проневера на над 180 милиони денари
-

Македонска државјанка се удави на Халкидики
-

ФФМ: Штетатa нанесена на ФФМ од 2015 година до 2019 година e повеќе од 2,5 милиони евра
-

Јаневска: Годинава се исплатени над пет милиони денари годинава за учество на меѓународни натпревари на ученици
-

Мицкоски: Вративме 4,6 милијарди евра стари долгови, проектираме економски развој
-

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд
-

Опожарена куќа во Бутел, нема повредени
