Засилени контроли во Гостивар - за еден час напишани 60 казни
Министерството за внатрешни работи во текот на денешниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Полициски службеници ги проверуваа возачите и возилата на поширокото гостиварско подрачје.
На територијата на градот и непосредната околина од утрово на повеќе пунктови се спроведуваа контроли за брзина, важност на регистрација, возачки дозвола, почитување на сообраќајни прописи. Меѓу другото беа опоменувани и лицата кои самоволно извршиле пренаменување на сообраќајни површини и беа отстранети повеќе импровизирани тезги од тротоари.
– За едночасовниот пресек, утврдивме дека на ова подрачје, регистрирани се шеесетина прекршоци и изготвени се исто толку поднесоци. Тоа во извесна мера ги оправдува и нашите активности во делот на превенцијата. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, изјави помошник министерот за односи со јавноста Тони Ангеловски при неговата посета на колегите во Гостивар.
Од полицијата информираа дека од почетокот на акцијата за подигање на непрописно паркирани возила, од гостиварските улици со „пајак“ се подигнати шеесетина возила подигнати. Во текот на последниве 24 часа изречени на 33 лица им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок неносење лична заштита (заштитна маска) заради спречување на ширење на заразната болест Ковид 19.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Сара Миленковска
-
Енергетски колапс: Црна Гора, Босна и Херцеговина и Албанија со часови без струја
-
Пеколни горештини - Пијте вода, внесувајте електролити, контролирајте го притисокот апелираат лекарите
-
Шетаат змии низ Скопје: Две лица за една недела завршија на Инфективна
-
Таравари во понеделник ќе ги разреши економските директори на здравствените установи
-
Утре седница за избор на нова влада
-
Жените на македонската политичка сцена
-
Овчеполието повторно без вода за наводнување, посевите интензивно се сушат