Македонија
24. December 2018 - 15:13

Засилени сообраќајни контроли на СВР – Охрид

Секторот за внатрешни работи  – Охрид викендов спроведе засилени сообраќајни контроли на учесниците во сообраќајот во подрачјето што е под негова ингеренција.

Само во текот на изминатото деноноќие на подрачјето контролирани се вкупно 191 моторни возила (67 во Охрид, 44 во Струга, 33 Дебар и 47 во Кичево). Притоа, алкотестирани се вкупно 122 возачи на возилата пришто, кај вкупно 27 возачи констатирано е присуство на алкохол во крвта (Охрид-13, Струга-3, Дебар-3 и Кичево-8) поради што по таа основа, одземени се вкупно 27 возачки дозволи, а возачите се исклучени од сообраќај. Против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

При реализираните контроли полициските службеници регистрирале и повеќе други прекршоци поради што се издадени 28 мандатни и прекршочни платни налози, од кои 13 во Охрид, четири во Дебар, осум во Кичево и три во Струга.

Слични акциски контроли  СВР – Охрид со засилен интензитет ќе спроведува во пресрет на празниците, а со цел подигнување на степенот на сообраќајната безбедност и поголемо почитување  на сообраќајните правила и прописи.