Затворање со церемонија: Северна Кореја јавно ќе го уништи нуклерарниот полигон, ќе бидат поканети и странски новинари
- Севернокорејското Министерство за надворешни работи соопшти денеска дека кон крајот на овој месец ќе одржи церемонија на затворање и уништување на полигонот за нуклеарно тестирање.
Зависно од временските услови, уништувањето на полигонот ќе се спроведе меѓу 23 и 25 мај, со цел да се одржи ветувањето дека Пјонгјанг ќе прекине со нуклеарните тестирања. Предвидено е тој настан да биде симболичен и драматичен, со што ќе постави основа за средбата меѓу севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и американскиот претседател Доналд Трамп, која е закажана за 12 јуни во Сингапур.
Министерството наведува дека сите тунели на полигонот Пунгери ќе бидат уништени со експлозиви, а ќе бидат отстранети и набљудувачките и истражувачки објекти, како и копнените единици.
Северна Кореја планира да им испрати покани на новинари од САД, Јужна Кореја, Кина, Русија и Велика Британија, кои ќе можат да присуствуваат на настанот.
Ново на Сител
-
За 100 евра месечно поскапе сместувањето во државни старечки домови
-
Тошковски најавува кривична одговорност
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на ДКСК
-
РСБСП: На матурска без автомобил!
-
Шпанија и Португалија без струја
-
Палевски: Ако сум убил – ќе правев алиби
-
СДСМ со видео снимка обвинува дека Тошковски штити роднини на високи партиски функционери
-
Претседателката на ДКСК Димитровска веднаш да поднесе оставка