Затворен аеродромот на Бали заради пепел исфрлена од блискиот вулкан Раунг
Меѓународниот аеродром Денпасар на индонезискиот остров Бали привремено ја прекина работата заради пепелта исфрлена од вулканот Раунг.
Одлуката за затворање на аеродромот ја донесоа локалните власти, информира агенцијата Ксинхуа, цитирана од ТАСС.
Откако во средата вулканот се активира британската авиокомпанија „Вирџин“ и австралиската „Џетстар“ ги откажаа сите летови до островот. Откажани се вкупни 13 внатрешни и меѓународни летови, вклучувајќи ги и оние до Австралија и Кина.
Ова не е првпат вулканската пепел да ги отежнува воздушните комуникации на Бали. Во јули аеродормот беше затварен неколку пати. Од 9 до 12 јули беа откажани над 900 летови, а десетици илјади лица беа блокирани на островот, напоменува ТАСС.
Вулканот Раунг, висок 3.300 метри, е еден од 129-те активни вулкани во Индонезија - архипелаг што лежи на Тихоокеанскиот огнен прстен, во еден од сеизмички и вулкански најактивните региони на Земјата.
Ново на Сител
-
Четири лица од Итната медицинска помош завршија на Ургентен откако се заглавија во лифт
-
Пренатрупаноста алармантна во Идризово, се убива за повеќе простор
-
Мицкоски: Нема да коленичиме пред Софија
-
Анкета на ИПИС: Граѓаните имаат високи очекувања од владата на Мицкоски
-
Изет Меџити ќе биде прв вицепремиер
-
Зголемувањето на пензиите ќе биде на рати
-
Николоски: Пругата до Бугарија завршува со тунел што нема крај, еден километар чини 24 милиони евра
-
Подолга целодневна настава и воведување една смена во училиштата - примарни реформи на министерката за образование