Затворен аеродромот на Бали заради пепел исфрлена од блискиот вулкан Раунг
Меѓународниот аеродром Денпасар на индонезискиот остров Бали привремено ја прекина работата заради пепелта исфрлена од вулканот Раунг.
Одлуката за затворање на аеродромот ја донесоа локалните власти, информира агенцијата Ксинхуа, цитирана од ТАСС.
Откако во средата вулканот се активира британската авиокомпанија „Вирџин“ и австралиската „Џетстар“ ги откажаа сите летови до островот. Откажани се вкупни 13 внатрешни и меѓународни летови, вклучувајќи ги и оние до Австралија и Кина.
Ова не е првпат вулканската пепел да ги отежнува воздушните комуникации на Бали. Во јули аеродормот беше затварен неколку пати. Од 9 до 12 јули беа откажани над 900 летови, а десетици илјади лица беа блокирани на островот, напоменува ТАСС.
Вулканот Раунг, висок 3.300 метри, е еден од 129-те активни вулкани во Индонезија - архипелаг што лежи на Тихоокеанскиот огнен прстен, во еден од сеизмички и вулкански најактивните региони на Земјата.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука