Затворен последниот реактор во нуклеарната електрана Запорожје
Последниот реактор во нуклеарната електрана Запорожје е затворен. Сега сите реактори се во состојба на ладно гасење, а за време на постапката не е зголемена радиоактивноста, објави управата на Запорожје на Телеграм.
Во регионот на Запорожје сè уште се водат борби, а електраната неколку пати беше интензивно минирана и изложена на оган. Најголемата нуклеарна електрана во Европа, со капацитет од речиси шест гигавати, од февруари 2022 година е под контрола на Русија, а од септември истата е затворена поради опасноста да не предизвика нуклеарна несреќа.
Еден од блоковите неколку пати работеше во топла состојба, што значи дека реакторот не произведува струја, туку пареа што се користи за потребите на електраната. Ладната состојба се смета за најбезбедна бидејќи блоковите се спуштаат на низок притисок и се ладат со вода.
Ново на Сител
-

Тошковски: Целта на „Безбеден град“ не е да казнува, туку да спаси човечки животи
-

Кузмановски: Мора да бидеме задоволни, иако посакувавме повисока победа
-

Со звукот на сирената Македонија ја совлада Романија на ЕП
-

Јанукович осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште
-

Македонските ракометари со предност од четири голови разлика на полувреме против Романците
-

Продолжи судењето против таткото на Васил Јованов, одбраната со забелешки за изведувањето на доказите
-

Пронајден возачот кој се снима како вози 293 км/ч и се фали на социјалните мрежи
-

Утре облачно со повремени локални врнежи од снег
