-->
-->
Затворен штипскиот Центар за аутизам - Медицинска сестра позитивна на Ковид-19
-->
Центарот за аутизам во штипската населба Пребег е затворен откако е потврден позитивен тест кај медицинската сестра, вработена во овој центар, потврди за МИА директорката на Центарот за социјални работи-Штип, Златка Иванова.
-Минатата недела вработената добила симптоми, по што веднаш е тестирана, а од превентивни причини во изолација се ставени трите деца, кои го посетуваа Центарот за аутизам, вели Иванова.
Таа додаде дека и во Центарот за интелектуална и телесна попреченост во Штипско Ново Село потврден е позитивен случај кај корисник, минатата недела позитивен беше резултатот на медицинското лице, кое е вработено и во овој центар. Здравствената состојба на остантите корисници и вработени се следи и се во изолација.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Алармантна состојбата со булинг во основните училишта
-
За една година, над 110 сообраќајки на истокот со повеќе од 170 повредни
-
Преглед на вестите од светот
-
Меѓународен ден на студентите
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, Министер за финансии
-
Цигарите и загадениот воздух рак рана за лицата со ХОББ
-
15-годишник со нож прободел двајца малолетници во два одвоени инциденти
-
Преглед на вестите од светот