-->
-->
Затворен угостителски објект во Црешево, приведени шест лица
-->
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 27.02.2021 околу 23.10 часот, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба извршиле контрола во угостителски објект во с.Црешево, скопско, при што било констатирано дека објектот не е регистриран и внатре биле затекнати пет лица и сопственикот С.С.(56) од с.Црешево.
Објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат, а лицата биле приведени во Полициската станица Гази Баба. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Маск: Се надевам дека во иднина ќе има целосно слободна трговија меѓу САД и Европа
-
Загрижувачки раст на случаите на семејно насилство во Албанија
-
СДСМ утре избира претседател, Филипче единствен кандидат
-
Времето утре претежно облачно и студено со врнежи од дожд, а во повисоките места од дожд и снег
-
За денеска најавени над 1.200 протести против Трамп
-
Поведена постапка против малолетник осомничен за силување петгодишно девојче
-
Приведен 40-годишен скопјанец баран за издржување казна затвор
-
Лишен од слобода жител на село Голем Папрадник, пронајдена марихуана