Затвореници од „Идризово“ додека користеле отсуство се обиделе да украдат возило
Полициски службеници од ЕВР - Аеродром и Драчево синоќа, во 23.45 часот, на булевар „АСНОМ“ ги лишиле од слобода Е.К. (31) и Н.К. (24), двајцата од Скопје.
Како што соопшти МВР, лицата се сомничат дека на истиот булевар со употреба на сила и алат отвориле возило „Фолксваген Кеди“ со скопски регистарски ознаки и од него одзеле предмет, а се обиделе да го одземат и возилото.
Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
- По преземени мерки било констатирано дека двајцата биле на издржување казна затвор во Казнено-поправната установа „Затвор Идризово“ и до 9 јуни 2023 година користеле отсуство, се наведува во соопштението од МВР.
Ново на Сител
-

СПМ: Институциите да постапуваат без селективност
-

Земјотрес во Грција, почувствуван и во Македонија и Албанија
-

Иран ја предупреди Велика Британија: Вашиот потег ќе влезе во историјата
-

Времен режим на сообраќај во недела во скопски Аеродром поради атлетска трка
-

Цените на нафтата се намалија
-

Мицкоски: Да го негуваме соживотот, да градиме доверба и да вложуваме во заедничка иднина
-

Иран нападна цели во соседните земји
-

Најстудено и најмногу снег утрово на Попова Шапка
