Затворите се пренатрупани, во функција се ставаат електронски алки за издржување куќен затвор

Во функција се ставаат електронски алки за издржување казна куќен затвор, најави директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов. Како што посочи на денешната прес-конференција, целта е да се намали пренатрупаноста во затворите ширум земјава, каде казна затвор издржуваат вкупно 2300 затвореници и 400 притвореници.
Во моментов 60 лица се апликативни за добивање на електронски алки.
Пандов појасни дека алките се поврзани со ГПС систем и со централен софтвер за 24-часовен мониторинг преку кои ќе се следи движењето на затворениците, со, како што рече, прецизни гео-граници за движење, додека секое отстапување автоматски ќе биде евидентирано и сигнализирано.
-Во моментов на мојата нога носам алка и ја тестираме дали работи. Ако се оддалечиш од периметарот или ако го мрдате рутерот, алката покажува црвено и сигнализира. Од Управата за извршување санкции потоа се јавуваат на осуденото лице затоа што во секој рутер има сим-картичка. Ако тој не се јави, има право на едно негово блиско лице кое може да се јави. Ако и тој не се јави, се јавуваме во полиција, но верувам дека човек кој што ќе добие алка дека нема да си дозволи да ја злоупотребува, појасни Пандов.
Во рамки на Управата за санкции, истакна дека е формирано одделение за електронски надзор кое ќе надгледува доколку затвореникот се оддалечи од периметарот. Пандов додаде дека процесот може да биде инициран со поднесување на барање од самиот затвореник, односно неговиот адвокат, како и од страна на затворот.
-Позитивните закони овозможуваат на три категории затвореници да имаат алки – на стари и изнемоштени лица, бремени жени или мајки со мали дечиња или на тешко болни и лица со инвалидитет. Самите затвори можат да побараат за одредена категорија на осуденици. Ако земеме предвид дека голем дел од затворениците се тешко болни, самото нивно носење во болница нѐ чини пари. Самото чување на тие затвореници во болниците ни троши ресурси. Затоа, тие затвореници отсега ќе можат да ја отслужуваат затворската казна во својот дом со алка на ногата, рече Пандов.
Ново на Сител
-

Тема на денот со проф. д-р Дејан Докиќ, пулмолог
-

Втори во Европа по ниво на загаденост: Граѓаните „бегаат“ на Водно и бараат сонце
-

СДСМ бара вонредна седница и итни мерки
-

Откажани 20 летови на скопскиот аеродром поради густа магла, расчистување и снег од вторник
-

Дали новата варијанта на грип што се шири во Европа ќе ги загрози и граѓаните во Македонија?
-

Експерти: Барањата на Ахмети се надвор од Рамковниот договор, смените во опозицијата се козметички
-

Тивкиот повик за припадност: Како плакати и QR-кодови стануваат „јадица“ за радикализација
-

Патот до Галичица затворен
