-->
-->
Затворски казни за браќата Беќири за „Фабриката за афери“
-->

Во скопскиот Кривичен суд денеска беше изречена пресудата за случајот „Фабрика за афери“ за кој се обвинети браќата Захир и Имер Беќири за фалсификување на лични карти и документи.
Захир Беќири Чауш е осуден на две години и шест месеци затвор и парична казна од 123.000 денари, додека неговиот брат Имер на една година затвор и 61.500 денари за случајот „лажни лични карти“.
До правосилност на пресудата, браќата Беќири од денеска се пуштени на слобода.
Обвинителството во завршните зборови побара затворски казни со тврдење дека обвинетите во домот имале цела работилница за изработка на фалсификувани документи.
Беќири во завршниот збор се изјасни дека не се чувствува виновен.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ФЗО исплати рекордни 560,9 милиони денари за боледувања, најмногу за породилни отсуства
-

Жена од Велес касната од пајак црна вдовица – итно префрлена на Токсикологија
-

Момче со убодна рана пренесено во Клиничкиот центар во Скопје
-

Најмалку 50 луѓе повредени во големиот земјотрес во јужна Јапонија
-

При претреси во Куманово пронајдени дрога и оружје, приведени три лица
-

Голем земјотрес регистриран во јужна Јапонија, издадено предупредување за цунами
-

Тешка сообраќајка на патот Кичево-Охрид: Во судир на три автомобили повредени 8 лица
-

Николоски: Успехот на Македонија во растот на авиолетови и туризам препознаен од Светска банка
