Завршен експресниот пат Штип-Радовиш, втората фаза од Три чешми до Штип пуштена за сообраќај под времен режим
Заврши изградбата на експресниот пат Штип-Радовиш. Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски попладнево изврши увид, со што и последниот дел од делницата од Три Чешми до клучката за Румица е изграден.

-Драго ми е што пред четири месеци пред рокот ја завршивме изградбата на експресниот пат Штип-Радовиш. Ова е пример како се работи на терен и како се реализираат капиталните инвестиции, истакна министерот Благој Бочварски при денешната посета на населеното место Три чешми во Штип.
Градежните работи на последната делница од Три чешми до обиколница Штип се завршени, со што се комплетира изградбата на експресниот пат од Штип до Радовиш. Од денеска делницата Три чешми – обиколница Штип е пуштена за сообраќај за сите возила под времен режим.
Вкупната должина на овој патен правец изнесува 40 километри и се грaдеше во две фази и тоа првата фаза од Штип до Бучим која е во должина од 23,5 километри и вредност од 48 милиони евра, додека втората фаза, делницата Три Чешми до Штип – Југ и од Бучим до Радовиш е со должина од 17 километри и инвестиција од 14,9 милион евра.

-Веќе најавив дека завршувањето на овој експресен пат се случува четири месеци пред рокот. Драго ми е што и во текот на декември се уште гледаме механизација на терен, се уште се асфалтира а тоа значи дека и капиталните инвестиции во државата растат. И вториот аспект што сакам да нагласам е дека се реконструира и асфалтира и помошниот пат на излезот од Штип за да го вратиме во првобитната состојба. На барање на жителите на Три чешми, одговоривме позитивно и заедно со тимот инжењери од ЈП за државни патишта, од Министерството и од изведувачот и надзорот веќе го градиме ислучувањето, така што имаме едно модерен и безбеден патен правец, изјави Бочварски.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Во име на Владата имавме чест да организираме ифтарска вечера, момент на заедништво, почит и духовна поврзаност
-

Новиот Ирански врховен лидер, Моџтаба Хамнеи, вети одмазда за жртвите од војната
-

Три малолетни девојчиња нападнати од четири женски лица во Аеродром
-

Општина Струга не може да го продаде „аудито“ на Мерко од 67.000 евра поради стар долг
-

Малолетници нападнале 15-годишник во Скопје, еден од нив пукал со пиштол кон него
-

МНРиНТ: Досега реализирани четири летови за евакуација на граѓани од Блискиот Исток, превезени вкупно 458 патници
-

Семејството ја пријавило за исчезната, познат идентитетот на пронајдената жена во Вардар
-

15-годишен чирак со остар предмет го нападнал синот на газдата на берберница во Арачиново
