Заврши презентацијата на материјални докази од страна на обвинителстовото во случајот „Меѓународен сојуз“
Со презентација на материјални докази денеска во Кривичниот суд Скопје, продолжи судењето за случајот „Меѓународен сојуз“. Обвинителката Ивана Трајковска, објасни дека со изведување на овие докази заврши постапката на презентација на материјални докази од страна на обвинителството.
Обвинетиот Бојан Јовановски, во однос изведените материјални докази (133 вкупно), рече дека станува збор за докази кои никако не можат да го оправдаат обвинителниот акт, ниту пак обвиненијата за перење пари, односно за незаконско држење оружје.
За случајот со невладината организација „Меѓународниот сојуз“, основана од Бојан Јовановски преку која според обвинението биле измамени бизнисмени за наводни центри за возрасни лица, обвинети се и Фросина Ременски, Миле Јовановски, таткото на прво обвинетиот и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ.
Јовановски е обвинет за кривично дело „измама и перење пари“. Ременски е обвинета за „помагање во делото измама“. За исто кривично дело „помагање во измамата и перење пари“, е обвинета и Јасна Мандиќ, односно обвинетиот Миле Јовановски е обвинет за кривичното дело „помагање во перењето пари“ и за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје“. Како правно лице обвинета е и невладината организација „Меѓународен сојуз“.
Ново на Сител
-

Телефонски разговор Путин - Ердоган за судирите на Блискиот Исток
-

Природно од Преспа со Златко Левков | Неформално | Sitel Podcast 143
-

Нови израелски напади врз Бејрут, од јужен Либан истрелани седум ракети врз Израел
-

Трамп: Лесно можеме да ја отвориме Ормуската Теснина, да ја земеме нафтата и заработиме богатство
-

Папата Лав XIV го повика израелскиот претседател Херцог да ја заврши војната со Иран
-

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното
-

Flex Group ја лансира Flex Group Leadership Academy – стратешка иницијатива за развој на лидерството во организацијата
-

Туризмот се стабилизира по кризата, но вниманието кај патниците останува
