Балкан
12. July 2017 - 21:42

Заврши Самитот на лидерите од Западен Балкан во Трст

Со потпишување на Договорот за Транспортна заедница вечерва во Трст зврши 4. Самит на лидерите на Западен Балкан, кој се организира во рамките на Берлинскиот процес.

Главна порака од Самитот е зајакнување на регионалната соработка односно поврзување на Западен Балкан, како клучен елемент за забрзување на европските интегративни процеси на регионот, зајакнување на економската соработка, пред се во областа на мали и средни компании, ИТ секторот, науката и друго.

Германската канцеларка Ангела Меркел претходно изјави дека должност на Европската унија е да го приближи регионот „бавно, но сигурно“ во правец на членство на ЕУ.

- Политичката стабилност во регионот значи политичка стабилност и за нас. Ние тоа го знаеме од искуство, посочи Меркел.