Заврши заложничката криза во хотелот во Мали
Заложничката криза во хотелот „Библос“ во градот Севаре, во централниот дел од Мали, заврши претпладнево откако малиските безбедносни сили успеаја да ги протераат исламистички екстремисти од објектот, кој го зазедоа вчера при напад во кој загинаа осум лица.
Претставник на безбедносните сили изјави дека „хотелот е исчистен“ и дека операцијата против екстремистите е завршена. - Сега е крај. Се заврши, доплони истиот извор.
Претходно, безбедносните сили соопштија дека биле ослободени петмина заложници од хотелот, кои веднаш се префрлени во Бомако. Националноста на ослободените заложници, за кои се претпоставува дека се странци, не беше соопштена.
- Неколку заложници се ослободени, но се уште не можеме да кажаме дека се е завршено, изјави рано изутринава претставник на армијата на Мали.
Засега се уште не е познато колку заложници задржаа екстремистите при вчерашното заземање на хотелот, во кој најчесто престојуваат странци и припадници на мировната мисија на ОН во Мали, но како што вчера изјави армискиот портпарол Дијаран Коне, се претпоставуваше дека во заложништво се наоѓаат меѓу шест и десет лица.
Според западни медиуми, меѓу заложниците имало најмалку тројца Јужноафриканци и еден Русин, кој бил вработен во компанијата „Ју Тајр“. Синоќа еден од заложниците, украински државјанин, успеа да им побегне на екстремистите.
Според досега потврдените информации, при нападот загинале петмина малиски војници, двајца од напаѓачите и еден странски државјанин, кој бил службеник на Мисијата на ОН. Националноста на убиениот странец не е соопштена.
Властите претоставуваат дека целта на екстремистите била да ги киднапираат странските државјани сместени во хотелот и потоа да бараат откуп за нивно ослободување.
Исламските екстремисти во Мали, кои се поврзани со Ал Каеда, последниве години се борат со владините сили во северните делови на земјата. По есклацијата на насилствата, во јануари 2013 година Франција воено интервенираше во земјата, со цел да го запре напредувањето на исламистите кон Бамако.
Во мај годинава Владата на Мали потпиша договор за примирје со најголемата бунтовничка организација Обединетото движење на Азавад, кон кој во јуни се приклучија уште неколку помали вооружени групи. Но, и покрај примирјето, безбедноста состојба во земјата и натаму е нестабилна
Ново на Сител
-
Донација од ЕУ и УНДП за граничната и криминалистичката полиција
-
Уапсен 43-годишен крадец на гулаби во Гостивар
-
Филипче до Oбвинителството доставил извештаи за работата на Онкологија, тврди дека додека бил министер имало лекови за пациентите
-
Магла во Битола и Прилеп, видливост од 100 до 150 метри
-
Данела Арсовска: Бандата која ги труе скопјани и претепа инспектори на Град Скопје се уште е на слобода | ФОТО
-
Замина легендата на македонската рок-сцена: Почина Константин Коце Икономов
-
Деновиве релативно топло, во среда повремен дожд
-
Во МНР одбележан Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на Холокаустот