-->
-->
Завршна фаза од подготовките на македонските ракометари за ЕП во Хрватска
-->
Машката ракометна репрезентаија на Македонија по дводневната пауза за Божиќните празници денеска ги започнува завршните подготовки за претстојното Европско првенство што на 12 јануари стартува во Хрватска.
По двата контролни натпревраи во Белград против Саудиска Арабија и Србија кои црвено-жолтите ги решија во своја полза, избраниците на селекторот Раул Гонзалез, од денеска до четврток ќе ги одработат завршните подготовки, на кои најголемо внимание шпанскиот стратег ќе обрне на тактички план.
Видлива беше позитивната енергија и новитетите во играта на македонската репрезентација на дуелите во Белград, на кои помладите ракометари беа во преден план, па сега Гонзалез ќе ја воигрува младоста со искуството на повеќемината играчи кои зад себе веќе имаат поголем број на настапи на големите натпреварувања.
Според програмата црвено-жолтите до четврток ќе осработуваат по два тренинга по што в петок заминуваат за Загреб, каде ќе се играат натпреварите од Ц групата.
Европското првенство репрезентацијата на Македонија ќе го отвори со дуелот - Словенија (13 јануари 2018), по која ќе следуваат натпреварите - Црна Гора (15 јануари), па актуелниот европски шампион Германија (17 јануари ).
Само најслабо рангираната селекција нема да се пласира во четвртфиналната група, во која ќе вкрстат со трите првопласирани селекции од Д групата во која играат: Шпанија, Данска, Чешка и Унгарија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата