Македонија
17. July 2016 - 13:11

Завршна изложба на 25. Летна школа за архитектура во „Св. Јоаким Осоговски“

Завршна изложба на учесниците на 25-тата меѓународна Летна школа за архитектура беше отворена синоќа во галеријата на стариот конак во манастирот „Св. Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка.

На годинашната летна школа за архитектура учествуваа 24 студенти по архитектура, од кои повеќето беа од матичниот Арихитектонски факултет при УКИМ, двајца од Архитектонскиот факултет во Торино. Тие проектираа на зададената тема „Колажи, монтажи и асамблажи“.

- Дваесет и четирите студенти беа поделени во осум тима по тројца студенти од различни години на нивното обрзование со цел првпат да се сретнат, при што и тоа претставува еден тип на колажирање на различни личности, на различни искуства. Поставената тема дозволи и помалите студенти коишто можеби го немаат техничкото образование подеднакво да се вложат, изјави Марија Манов Велевска, раководител на Летната архитектонска школа. 

Според Велевска, темата и методолигијата на работа биле подеднакво инспиративни за сите учесници.

- Овие летни школи се краткотрајни и интезивни. Секогаш поставувваат теми кои понекогаш се нови за учесниците. Иако темата е настрана од редовната програма на Архитктонскиот факултет, таа е компатибилна бидејќи како техники се познати и во историјата на уметноста и во историјата на архитектурата, изјави Велевска.

Меѓународната Летна архитектонска школа ја организира Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, а се одржува со поддршка од Министерството за образование и наука, во соработка со Македонската православна црква, манастирот „Св. Јоаким Осоговски“ и општина Крива Паланка.