Завршува реконструкцијата на делница од регионалниот пат Струмица-Банско
Завршува реконструирањето на делница долга два километри од регионалниот пат Струмица-Банско, која поминува низ населеното место Куклиш. На оваа делница се поставува нов слој асфалт, а увид во работите денеска изврши градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.
Според него реконструирањето, односно поставувањето нов слој асфалт, е мошне значајно бидејќи е барање на жителите на селото Куклиш.
– Граѓаните често ја спомнуваа како една од критичните делници, на која постојат и одредени опасности за безбедноста на граѓаните.Заедно со ЈП за државни патишта се заложивме да ја рехабилитираме во што е можно покус рок. Дадовме ветување и јас сум задоволен што ова наша заедничка заложба денес финишира, рече градоначалникот Јаневски.
Работите на делницата ги изведува „Македонија пат“, дел од работите заврши и општина Струмица, а ќе биде подобрено и осветлувањето на ова делница. Покрај тоа ќе се изврши и тампонирање на банкините од патот. Градоначалникот Јаневски најави дека следен чекор е изградба на тротоари во зависнот од тоа каде е можно тие да се постават.
Ново на Сител
-

Андоновски: Целта е граѓаните што побрзо да ги почувствуваат придобивките од дигитализацијата
-

Марко Блажевски европски шампион - До титулата со доминантен настап во Италија
-

Клековски: Системот за рано предупредување за дроги ќе овозможи побрза заштита на здравјето на граѓаните
-

Ученик нападнал соученик со тврд предмет во основно училиште во Аеродром
-

Не застанал на полициска наредба, па со „мерцедес“ удрил полицаец
-

Радовишанец се заканувал на вработени во странска амбасада, заврши на психијатриско посматрање
-

Андоновски: Европската оценка е важна потврда за напредокот во дигиталната трансформација
-

Мицкоски: Продолжуваме со реформите за економски развој и подобар животен стандард

