„Здив на подвиг“ - нова книга од Виктор Јакимовски

Во издание на УЛИС излезе од печат втората поетска книга на младиот македонски поет Виктор Јакимовски, „Здив за подвиг“.
Стефан Марковски за најновата книга на Јакимовски ќе напише дека е „едно од делата кои на оригинален начин вдахнуваат здив на творечкиот подвиг, кој најмладата генерација македонски поети претстои да го оствари, храбро и суверено, трасирајќи ги во разгрането мноштво од насоки своите еволутивни магистрали“.
За својата прва стихозбирка „Со мене во мене“ Јакимовски е добитник на наградата „Лесновски ѕвона“ за најдобра дебитантска книга во 2014 година. Има престојувано два месеца во Баскија, Сан Себастијан, каде што ја претставуваше Македонија како млад автор, како дел од програмата „With Other Words“. Неговите песни се објавувани во повеќе списанија – „АКТ“, „Современост“, „Раст“. Член е на Редакцијата на списанието за книжевност и култура АКТ.
Ново на Сител
-

Се укинува Пржинската влада
-

Претседателот Пармелан на средба со премиерот и стопанствениците
-

Се укинува Пржинската Влада
-

Тема на денот со Даниела Иротова Лазарева, директорка на Агенција за финансиска поддршка на земјоделието
-

Ужас во Гостивар - 15 годишник ја силувал помалата сестра
-

Народен правобранител: Системот со сериозни слабости, секое петто дете е жртва на сексуално насилство
-

Треба ли државата да ги забрани социјалните мрежи за децата
-

Собранието решава за техничката влада
