Здравев да свика вонредна седница на Судскиот совет, бара еден од адвокатите во „Т.Н.Т.“

Соопштение до јавноста Обраќање до Претседателот на судски совет
-Во врска со вчерашната телефонска изјава на Претседателот на судскиот совет г-дин Киро Здравев дека ,,седницата е веќе закажана и дека ќе се одржи по ултимативниот рок на одбраната,, денес повторно го повикувам да смогне сила и да оддолее на притисоците кои се прават врз него за целиот овој временски период и да свика итна вонредна седница на судскиот совет и веднаш да одговори на барањето од Претседателот на основниот кривичен суд дека поднесеното барање од негова страна за продолжување на мандатот на поранешната судија – поротник Лидија Ивановска – Кочковска е незаконито и спротивно на Законот за судови и Законот за судски совет како и дека Судскиот совет нема законски основ за донесување на таква одлука бидејќи на истата веќе и е престанат мандатот со протекот на времето за која истата е избрана.
Воедно со неговата вчерашна изјава како и недавање на одговор по однос на поставените прашања кои јавно му беа поставени, можам да сметам дека постапуват спротивно на Уставот и законите во РМ, иако преку институцијата која ја раководи е најповикан за почитување на уставот и законите на РМ и за почитување на НЕЗАВИСНОСТА НА СУДСТВОТО.
Доколку и понатаму во наредните денови не даде јавно одговор на поставените прашања бидејќи јавноста мора да биде запознаена со неговата работа и работата на институцијата со која раководи и не достави одговор на барањето на претседателот на Основниот кривичен совет станува потикнувач и помагач при вршење на повеќе кривични дел, а воедно и самостојно врши дејствиија кои имаат обележја на кривични дела согласно КЗ.
Јавноста а и судската фела како и членовите на Судскиот совет треба да бидат запознаени со сите незаконски дејствија кои се предземаат од негова страна и го охрарувам јавно да проговори за притисоците кои ги трпи за целиов овој период.
Денес му доставувам уште едно прашање на Претседателот на судски совет г-дин Кирил Здравев
Дали договорот со Вашите наредбодавачи е до 27 јануари незаконски да се заврши предметот ,,ТНТ,, а на седницата закажана на 27 јануари да го изберете Огнен Ставрев за судија на Апелациониот суд?, напиша во соопштението адвокатот Јовица Страшевски.
Ново на Сител
-

Македонија ја зајакнува еколошката правда, потпишан Меморандум за соработка со француските партнери
-

Економската соработка, трговијата и инвестициите во фокусот на денешниот бизнис-форум Северна Македонија - Турција
-

Стабилна е состојбата на штипјанецот кој вчера се здоби со изгореници од втор степен гаснејќи пожар во неговата викендица
-

По седум години затвор за Ѓоре Петровски и за Даниел Димески за опожарување куќа во Нежилово
-

Поради тројца делегирани судии, презакажни и одложени рочишта во Основниот граѓански суд Скопје
-

Од Маџари до центарот на Скопје за пет минути: тест-турата ја покажа предноста на градскиот воз
-

ОН: Најмалку 30 жени уапсени во Авганистан поради наводно кршење на правилата за хиџаб
-

Нафтата поевтини по најавите за можен крај на војната меѓу меѓу САД и Иран
