Здравко Толимир починал од природна смрт

Аутопсијата на Здравко Толимир, поранешниот заменик-командант на армијата на босанските Срби, кој што почина во меѓународниот затвор во Хаг, покажа дека тој умрел од природна смрт, пренесува БТА, повикувајќи се на соопштението од прес-службата на трибуналот.
Генералот Толимир почина во затворската келија за време на ноќта 8 кон 9 февруари, на 67- годишна возраст.
Трибуналот соопшти дека аутопсијата била извршена од страна на холандски лекари во рамки на стандардните процедури, предвидени со холандското национално законодавство.
Здравко Толимир беше осуден на доживотен затвор за злосторствата во босанските енклави Сребреница и Жепа во 1995 година.
Пред да умре, тој очекуваше да биде префрлен во својата држава, за таму да ја служи казната.
Србија испрати протестна нота до Хашкиот трибунал, во која меѓу другото, протестира дека судот не одговорил на барањето на српското судство од октомври 2015 со кое Толимир требало да биде привремено пуштен на лечење.
Ново на Сител
-

Капитол Мол донираше детски парк со реквизити на 1000 метри квадратни
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Димитар Ковачевски, пратеник и поранешен премиер
-

13-годишникот кој прободе врсник во срцето нема да одговара кривично
-

Демографската криза отвори нов политички судар
-

Јаневска: Часовите нема да се скратат, училиштата да постапуваат согласно протоколите за топло време
-

Прва седница по летната пауза на пратениците
-

Тргна градскиот воз Скопје - Зелениково, премиерот и градоначалникот први купија билети
