-->
-->
Здравствен дом Скопје со дежурни служби за празниците
-->
Службите на Здравствен дом Скопје за претстојните празнични денови ќе обезбедат 24 часовна здравствена заштита преку дежурните ноќни пунктови во поликлиниките Идадија, Ченто, Чаир, Ѓорче Петров, Бит пазар, Јане Сандански, Шуто Оризари и Драчево.
Како што информираат од Здравствен дом, од 8 до 16 часот дежурна специјалистичка служба ќе има во Поликлиника Букурешт. За време на празниците ќе има 24-часовна покриеност од Службата за итна медицинска помош, а редовно ќе работи и Службата за домашна посета.
Од Здравствен дом Скопје им препорачуваат на граѓаните кои постеле да внимааат со внес на храна од животинско потекло, а на сите со консумација на алкохол пред се од здравствени причини, како и поради безбедност во сообраќајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Црн чад секојдневно се шири од палење на отпад во кругот на „Ранка Милановиќ“
-
Секоја втора сметка за вода во Гевгелија не е наплатена
-
Пуштена во употреба експресната делница Градско – Дреново
-
Протест на вработените во дел од државните институции, бараат повисоки плати
-
Приватните специјализанти се уште чекаат на ветените вработувања
-
Коцевски: Приоритетите за предмети за корупција не се под влијание на власта или опозицијата
-
Судијка од Велес фалсификувала пресуда
-
Се слави Стара Нова година