Здравствени експерти: На сиромашните земји им требаат милијарди за да избегнат катастрофа
На сиромашните земји им се потребни милијарди фунти помош за да се избегне катастрофа поради пандемијата на коронавирусот, предупредуваат здравствени експерти.
Доколку светските лидери не преземат итни мерки, вирусот во следните неколку недели ќе ги уништи здравствените служби низ Јужна Америка, Азија и Африка, пишува Гардијан.
Според научниците и медицинските експерти, само милијарди фунти помош и масовен извоз на вакцини можат да запрат хуманитарна катастрофа.
Тие стравуваат дека ужасните сцени од Индија може да се повторат во многу сиромашни земји. Во моментов, 30,7 проценти од пријавените смртни случаи од коронавирус во светот се поврзани со сиромашни и земји со ниски и средни примања, а пред еден месец, во нив беа регистрирани 9,3 проценти од смртните случаи ширум светот.
Смртноста во Кенија се зголеми за 674 проценти од крајот на јануари, 550 проценти во Џибути и 489 проценти во Бангладеш.
Здравствените експерти во Африка веќе предупредија дека кризата во Индија наскоро ќе се одрази и на африканскиот континент.
– Немаме доволно здравствени работници ниту медицински кислород, предупредија африканските центри за контрола и превенција на болести.
Ново на Сител
-

УЈП почна да праќа решенија за неплатен данок за 2021 година
-

Oслободени двајцата обвинети за случајот со Пендиков
-

Мадрид: Промовирана книгата „Во срцето на Шпанија“ - Сведоштво за храброста на македонските доброволци
-

Мицкоски по Самитот: Се бориме да вратиме што беше продадено
-

Тема на денот со Саша Богдановиќ, претседател на Српска демократска лига
-

Мицкоски од Црна Гора: Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но поради вештачки причини не ги почнавме преговорите
-

Евроамбасадорот Рокас очекува заедничка иднина со ЕУ и инвестиции во одбраната
-

По бегството во Бугарија, Ива Михаилова ќе се суди во отсуство
