Здружението на судии избра нов Управен и Надзорен одбор
Здружението на судиите на Република Македонија на денешното вонредно собрание избра нов Управен и Надзорен одбор.
На собранието, како што информираат од Здружението, биле усвоени и предложените измени на Кодексот за судиска етика на судиите на Република Македонија.
Собранието ги поддржало напорите на претседателот на Здружението и Управниот одбор во врска со усогласувањето на платите и додатоците на плати согласно Законот за платите на судиите и Законот за дополнување на законот за платите на судиите.
Здружението во денешното соопштение ги демантира написите во одредени средства за информирање дека на судиите во Република Македонија им било исплатено какво било зголемување на плати, односно додатоци.
Од Здружението на судии истакнуваат дека ги поддржуваат активностите на судската служба во напорите за зголемување на платите.
Ново на Сител
-
Најстудено во Берово, најтопло во Гевгелија
-
Норвешка ќе додели речиси милијарда долари за украинска бригада
-
АХВ спроведува вонредни засилени контроли пред Велигден
-
Посебен режим на сообраќај денес околу бул. „Илинден“
-
Вучиќ: Обоената револуција е завршена, наведе пет барања
-
Трамп: Преговорите за запирање на војната меѓу Русија и Украина „одат добро“
-
Денеска е Цветници
-
Без вода делови од Чаир, вклучително и гинеколошката болница