Зеленски бара легализација на истополовите бракови
Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа побара од Владата да го анализира прашањето за легализација на истополовите бракови, но нагласи дека таква одлука не може да се донесе додека трае војната што ја започна Русија.
Киев ја зајакна поддршката за правата на ЛГБТК+ заедницата откако прозападните лидери дојдоа на власт во 2014 година. Парламентот во 2015 година донесе Закон за забрана на дискриминација на работното место, но не и за легализација на истополовите бракови.
„Побарав од премиерот (Денис) Шмихал да го реши прашањето покренато во електронската петиција и да ме информира за релевантните одлуки“, соопшти Зеленски како одговор на иницираната петиција.
Во современиот свет, рече Зеленски, земјата ги покажува своите демократски вредности со тоа што на сите им гарантира исти права.
Сепак, тој истакна дека украинскиот Устав го дефинира бракот како заедница на маж и жена и нагласи дека тоа не може да се промени во воено време.
Според истражувањето спроведено минатата година 47 отсто од Украинците имаат негативно мислење за ЛГБТК+ заедницата.
Ново на Сител
-

ЦУК: До 18 часот регистрирани осум пожари на отворено, еден сè уште активен
-

Трамп сака САД наскоро пак да бидат домаќини на СП во фудбал
-

МЗ: Забележано почетно намалување на бројот на новoпрегледани пациенти во Гостивар, активно се следи состојбата на терен
-

Бернам: На Велика Британија и треба нов политички и економски модел
-

Собранието ја донесе одлуката за продолжување на кризната состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври
-

Безбедна е водата за пиење во Скопје
-

Комбе со српски туристи на пат кон Грција излета од патот кај Велес, возачот наводно заспал
-

3.100 затруени во Гостивар
