Зеленски до Шолц: На Украина и се потребни повеќе системи за противвоздушна одбрана

На Украина и требаат повеќе системи за противвоздушна одбрана за да ги заштити своите важни објекти од руски ракетни напади, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Размислуваме како да заштитиме дваесетина специјални објекти, едноставно нема доволно системи за (противвоздушна одбрана) поради така густите ракетни напади“, рече Зеленски на прес-конференцијата што ја одржа со германскиот канцелар Олаф Шолц во Киев.
Шолц рече дека Германија следната година ќе и испорача дополнителни системи за противвоздушна одбрана на Украина и нагласи дека неговото патување во Киев ја покажува непоколебливата поддршка на неговата земја.
„Ова многу јасно му го соопштувам на Путин овде во Киев денес. Имаме сила да издржиме и ќе стоиме на страна на Украина се додека е потребно“, рече тој.
Шолц додаде дека му рекол на Путин дека треба да ги повлече своите војници од Украина.
Германскиот канцелар денеска пристигна во ненадејна посета на Украина за прв пат по повеќе од две и пол години и веднаш по неговото пристигнување најави дека ќе го информира претседателот на Украина, Володимир Зеленски за пакетот воена помош во износ од 650 милиони евра.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Никола Србов, историчар
-

Мицкоски верува во решение преку дијалог со Бугарија - Филипче бара европска иднина
-

ВМРО-ДПМНЕ со 3,5 пати поголем рејтинг од СДСМ
-

Кризната состојба за горивата ќе продолжи до април, намалено ДДВ за дизелот до 20 октомври
-

30.000 вакцини против грип пристигнаа во земјата – имунизацијата за една недела
-

Скопското Кале ќе биде прогласено за културно наследство
-

Оризовите стрништа го палат алармот кај пожарникарите
-

Од 20 - 30 питачи од најмала возраст во Oхрид
