Зеленски формира посебна команда за длабоки напади врз Русија

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски синоќа најави дека формира посебна команда која ќе се фокусира на длабоките напади врз Русија, а ќе формира и нова сила за брз одговор, која ќе вклучува сили за напад и единици за беспилотни летала.
Руската енергетска инфрастуктура илјадници километри оддалеченост изминатиот период е цел на украинските напади со дронови. Последните недели, Украина речиси секојдневно пријавува напади, а официјалните лица тврдат дека ои четири години оправдано е војната да се префрли на руска територија.
– Потпишав декрет за формирање на специјална команда во рамките на вооружените сили – команда насочена кон долгорочно и, всушност, глобално влијание врз Русија како одговор на оваа војна. Оваа команда мора сто проценти од своите расположливи ресурси да ги насочи кон понатамошно намалување на воените способности на Русија, наведе Зеленски во своето вечерно обраќање до нацијата.
Зеленски претходно изјави дека оваа недела украински беспилотни летала погодиле руска рафинерија за нафта на 2.500 километри од Украина и дека отсега, како што изјави, ниедна руска рафинерија нема да биде надвор од дофат на украинското оружје.
МИА
Ново на Сител
-

Носкова: Ова никогаш нема да го заборавам
-

СП 2026: Аргентинците веруваат во одбрана на титулата
-

СП 2026: Норвешка сега ја има на фудбалската карта
-

Русија тврди дека украинската армија погодила танкер во Црно Море
-

ДЗС: Артилериска граната тешка 13,6 кг отстранета од плажа на Дојранското Езеро | ФОТО
-

Почина американскиот сенатор Линдзи Греам
-

Во координирана акција на ЦУК и МВР, кај Матка успешно пронајден изгубен романски државјанин
-

Успешна акција за извлекување на тројца планинари од планината Бистрица
