Зеленски го обвини Путин за смртта на Навални
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го обвини рускиот претседател Владимир Путин за смртта на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални.
На заедничката прес-конференција со германскиот канцелар Олаф Шолц во Берлин, Зеленски изјави дека е „очигледно“ дека Путин „го убил Навални“.
Зеленски рече дека на Путин „не му е грижа кој ќе умре“ и дека на рускиот претседател му е важно само да остане на власт, пренесува германски „Велт“.
Тој наведе дека Путин „треба да изгуби сè“ и „да одговара за злосторствата“.
Навални почина денеска во затворска колонија во автономниот округ Јамало-Ненецки на 48-годишна возраст.
Канцеларијата на Федералната казнено-поправна служба на Русија за автономниот округ Јамало-Ненецки соопшти дека по прошетката, Навални се чувствувал лошо и изгубил свест, по што бил неуспешно реанимиран, а причината за смртта се утврдува.
Навални отслужуваше 30-годишна затворска казна во рускиот регион под обвинение за екстремизам и измама, а беше познат како остар критичар на Кремљ.
Ново на Сител
-
РФМ ќе одржи редовно Изборно собрание на кое ќе се бира нов претседател
-
Палевски сакал да замине во Москва, барал помош да го земат од аеродром
-
Фон дер Лајен: ЕУ ќе преземе соодветни и решителни контрамерки на американските царини
-
Министерството за правда достави до Влада допис за предлог за разрешување на Коцевски
-
Орбан: Русија ќе биде „реинтегрирана“ во глобалната економија по завршувањето на војната во Украина
-
Авганистанецот призна дека намерно удрил во толпата во Минхен, соопшти германското Обвинителство
-
АНБ: Почнува примената на полиграфско тестирање, полиграфот и полиграфското тестирање во служба на интегритетот
-
Пандов: Има дел затворски полицајци во Шутка кои не треба да носат полициска униформа и го срамат цел затворски систем