Зеленски го повик Бајден да биде „лидер на мирот“
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во среда во своето обраќање пред американскиот Конгрес, го спореди ужасот од руската војна во неговата земја со Перл Харбор и нападите од 11 септември.
„Ова е терор што Европа не го видела, не го видела 80 години“, рече Зеленски.
Зеленски му се обрати на американскиот претседател Џо Бајден дека да се биде лидер на слободниот свет значи и да се биде „лидер на мирот“.
Во обраќање до американскиот Конгрес, апелирајќи за поголема воена помош за борба против руската инвазија, Зеленски рече дека оваа војна не е само за неговата земја, туку за „вредностите на Европа и светот“.
„Му се обраќам на претседателот Бајден. Вие сте лидер на нацијата, на вашата голема нација. Ви посакувам да бидете лидер на светот. Да се биде лидер на светот значи да се биде лидер на мирот“, рече Зеленски.
„Се сеќавата на Перл Харбор, страшното утро на 7 декември 1941 година, кога вашето небо беше црно од авионите што Ве напаѓаа“, рече тој, потсетувајќи се на воздушниот напад што ги внесе САД во Втората светска војна.
„Се сеќавате на 11 септември, ужасен ден во 2001 година кога злото се обиде да ги претвори вашите градови, независни територии, на боишта“, рече Зеленски, порачувајќи „Нашата земја секојдневно го доживува истото“.
Зеленски во средата упати уште еден апел до САД и нивните сојузници да создадат зона за забранети летови за да ја заштитат неговата земја од руски воздушни напади.
„Зборовите „Јас имам сон“, се познати на секој од вас денес, можам да кажам. Имам потреба, треба да го заштитам нашето небо. Ми треба вашата одлука, вашата помош“, рече Зеленски во онлајн обраќање пред американскиот Конгрес.
„Дали е ова многу да се бара, да се создаде зона за забранети летови над Украина, да се спасат луѓето? Дали е ова премногу за да се бара“, запраша Зеленски, за како што рече „Русија да не може да ги тероризира нашите слободни градови“.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски по повод 13 Ноември: Да изградиме Скопје што гордо ќе им го предадеме на идните генерации
-

ЕУ го договорија тимот за преговорите помеѓу Русија и Украина
-

Во Исар Марвинци откриен монументален комплекс на римска бања со зачуван систем за загревање
-

15-годишник допирал по телото и со закани принудувал 11-годишно девојче да му праќа експлицитни фотографии
-

Трамп: Антисемитизмот во САД во моментов е како во Германија во 1938 година
-

Мицкоски: Правиме се да останеме земја со убедливо најниски цени горивата, струјата и греењето во Европа
-

Приведен 42-годишник на Граничен премин Табановце - Возилото кое го управувал било предмет на потрага на Интерпол
-

Кривична за 19-годишник од Кочани, направил експлицитни снимки од 18-годишна девојка без нејзина дозвола
