Зеленски: Ја продолжуваме борбата против корпуцијата во владата
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето редовно ноќно видео обраќање до сонародниците изјави дека уште не завршил со смените на високи функционери и дека секој што не работи според строгите стандарди ќе биде отпуштен.
Британските медиуми пренесоа дека Зеленски минатата недела одговори на извештаите за корупција, 11 месеци по почетокот на војната, отпуштајќи повеќе од десетина високи функционери.
Притоа тој вети дека нема да има толеранција за незаконското однесување или лошо управување.
Во своето последно ноќешно обраќање Зеленски кажа дека неговата администрација планира да воведе некои нови промени како дел од напорите да продолжи со брзите и сложени преговори што ќе обезбедат членство на Украина во Европската унија.
Тој в петок, на 3 февруари, ќе биде домаќин на самитот на Украина и Европската унија во Киев, каде што ќе разговараат за најбрзиот почеток на преговорите за пристапување на неговата земја во Унијата.
Самитот меѓу ЕУ и Украина е договорен од пред еден месец, кога претседателот Зеленски разговараше со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
„Се радувам што наскоро ќе Ве сретнам во Украина“, напиша Фон дер Лајен на Твитер.
Ново на Сител
-
Индонезија трајно ќе пресели 10.000 луѓе по серијата ерупции на вулканот Руанг
-
Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз
-
Кривична пријава за злоупотреба на постапка за јавен повик и несовесно работење во службата
-
НАТО ги осуди кибер нападите насочени против демократските институции, безбедноста и слободното општество
-
Канцеларија за Косово на Србија: На Петковиќ му е забранет влез во Косово за Велигден
-
Земјотрес од 5,9 степени според Рихтер ги погоди Филипините
-
ОН: Израелскиот напад врз Рафа ќе ги загрози животите на стотици илјади Палестинци
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје